Where is your mind?

 Where is your mind?
од 22
окт 2025

Омниверс има за цел и се фокусира на спортската психологија при едукативни работилници, а се има родено како продолжение на минатогодишниот проект “Where is your mind?” чиишто две работилници на младинската лидерка Моника Ѓорѓиевска со младинските кошаркарски репрезентативци на ФИБА U18 и U16, и овогодинешните две работилници од овој тип ги спроведувавме со нашата младинска кошаркарска репрезентација и со репрезентативците од останатите држави, а тие имаа одличен импакт и резултати. Доказ за тоа е и подлабоката заинтересираност за оваа тематика, како и ознажнувањето за освестување на кошаркарите кои преку интерактивни вежби своите стравови и негативни емоции успеваа да ги искажат гласно и да ги претворат во позитивни.

Она што ни следи нам како организација се работилници, кои започнуваат на 22.10 Среда, каде што два месеци ќе се работи интензивно и константно со играчи до 16 години, со ИБА клубот. Целта е заеднички стремеж кон предизвиците кои престојат за време, и по натпреварите.

Заклучивме дека спортистите, не само кошаркарите имаат потреба од некој вид на филтер и ментална преработка и советување, и дека натпреварувањата и турнирите на кои што учествуваат знаат како физички така и ментално да ги заморат, при тоа не можејќи да го испроцесираат она што им се случува во телото брзо преминуваат од натпревар во натпревар, а умот неретко страда. Неизбежна и многу повиклива беше потребата да настане оваа организација, а се одлучивме за почеток на овогодинешните работилници токму во октомври, бидејќи овој месец е значаен месец за работата на менталното здравје, а 10ти октомври беше светскиот датум на одбележување на менталното здравје.

И секако, ако сакаме еден подобар и поздрав свет треба да се свртиме кон една изрека од мировниот активист кој вели:

Биди промената што сакаш да ја видиш. Махатма Ганди

Со оваа порака е и искажана мисијата и целта на Омниверс.