Почувствувај
Преиспитај
Напредувај

Добредојде во Омниверс

Добредојде во Омниверс

"ОМНИВЕРС" – Ментално здравје и социјален развој за подобро утре

ОМНИВЕРС се фокусира на невидливото – мислите, емоциите и менталните процеси кои го обликуваат нашето физичко здравје, спортските перформанси и влијанието врз заедницата. Веруваме дека грижата за менталното здравје е клучна не само за успехот на теренотот, туку и за позитивниот социјален развој во општеството.

Нашата мисија е преку едукација, поддршка и практични алатки да го подобриме квалитетот на живот и да создадеме посилни врски меѓу индивидуите и заедницата.

Тимот на FIBA Open 3x3 на теренот

Basketball for Good

Веќе трета година по ред Моника Ѓорѓиевска оди во Женева како младинска лидерка и помага во организацијата на FIBA Open. Таму се роди и идејата за проектите за ментално здравје, а оваа година, по повод 10 октомври, Basketball for Good Фондацијата го стави во фокус Омниверс.

Биди човек

Од 9 до 15 јуни 2026 година, во Националната галерија - Мала Станица во Скопје, успешно се одржа првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно.“, во организација на Здружението „Биди Човек“ со поддршка на Ротари клубовите.

Иницирај промена!
Креирај гласно.

9-15
јуни 2026
Empowering Rights, Enabling Change
13-22
мај 2026

Empowering Rights, Enabling Change

Од 13 до 22 мај Омниверс беше дел од проектот Empowering Rights, Enabling Change во Анталија, Турција, каде 36 учесници од осум земји ги спознаа своите и туѓите човекови права и како да станат поактивни граѓани. Преку неформална едукација, работилници и интерактивни вежби тие го зајакнаа критичкото мислење и изградија нови вештини за младинска работа.

Step Up for Climate

Step Up for Climate е проект кој се одржа од 4-12 мај во Анталија, Турција, со 50тина младински работници од Македонија, Бугарија, Германија, Романија, Србија и Турција. Преку неформални едукациски методи учесниците ја подигнаа свесноста за климатските промени, критичкото размислување и меѓукултурната соработка.

Step Up for Climate
4-12
мај 2026
 Where is your mind?
од 22
окт 2025

Where is your mind?

По успешните работилници за ментално здравје, со задоволство најавуваме продолжение на програмата во наредните два месеци. Целта и понатаму останува иста — унапредување на благосостојбата и менталната сила на младите спортисти. Овој циклус ќе биде посветен на генерацијата до 16 години од кошаркарскиот клуб Иба Скопје.

Работилниците за ментално здравје и нивната важност

Изминатите работилници беа своевиден предвесник на она што нѝ следи во месецот ноември - месец кој се обележува како месец на менталното здравје кај мажите.

Зошто е важен и која ни е целта?

Целта ни е да ја освестиме важноста на работата на менталното здравје преку активности кои се дел од нашите работилници, и кои увидовме дека се навистина потребни, од исклучителна корист и важност за спортистите, и влијаат добро во нивниот перформанс на терените.

Во месец ноември планираме да објавуваме видеа од повеќе спортисти, како кошаркари, така и спортисти кои се занимавале или се занимаваат со други спортови, машки кошаркарски работници кои ќе го дадат своето мислење за тоа што е за нив менталното здравје и на кои начини може истото да се одржува.

Патем и без добро ментално здравје, најчесто нема добро ниту физичко здравје.

Диши. Напредувај. Живеј.