Биди човек

Од 9 до 15 јуни 2026 година, во Националната галерија - Мала Станица во Скопје, успешно се одржа првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно.“, во организација на Здружението „Биди Човек“ со поддршка на Ротари клубовите.

Фестивалот понуди простор за отворен разговор за менталното здравје, намалување на стигмата и креативно изразување на младите. Во текот на седумте фестивалски денови беа реализирани изложба на младински уметнички дела, панел-дискусија, едукативни и креативни работилници, квиз, „Paint and Coffee“ и театаска изведба.

Преку уметноста, едукацијата и заедничкото учество, фестивалот испрати важна порака дека менталното здравје е заедничка грижа и дека секој млад човек заслужува да биде слушнат, разбран и поддржан.

Иницирај промена! Креирај гласно.

Теодора Соколовска
Теодора Соколовска