Во изминатиов период фокусот на Омниверс беше кон разговори со експерти за менталното здравје (психолози и спортски психолози), кошаркари и кошаркарски работници. Тие го даваа своето мислење, совети и насоки за и кон здравјето на умот. Како да се остане присебен и трезвен во еден забрзан свет. Низ нивните искуства откриваме на кој начин тие работат на себе, за длабоката потреба од постојаната работа на себе, но и нурнувањето во внатрешното јас.
Кај кошаркарите и кошаркарските работници видливи и значајни се сталоженоста и фокусот - едни од клучните карактеристики за успех. Додека психологот Ана Попризова нагласува дека самодовербата е можеби најзначајна за самиот успех на спортистите.
Дамјан Робев како наш репрезентативец потсетува дека кошарката е колективен спорт и важно е играчите психички да се смирени, но и отворени да работат ментално на себе и кон подобрување на играта.
Миодраг Тодоровиќ како сегашен тренер на КК Маџари и спортски психолог, несомнено успева да направи совршена кохезија меѓу психологијата и самиот спорт, за што сведочат и резултатите на овој тим сезонава. Ја наведува и значајноста на активностите надвор од тренинзите, како социјализацијата и имањето на други хобија како еден играч би успеал да остане фокусиран, но и ментално изрелаксиран сѐ со цел да ја постигне посакуваната цел.
Дарин Говенс, како играч во првата македонска кошаркарска лига зборува за предизвиците со кои што се соочува еден спортист при селење од една во друга држава, како полесно тој се адаптирал и што му помогнало во истото.
Зоран Митровски, кошаркарски судија пак вели дека освен добрата физичка подготвеност од него се очекува да донесе правда, исправна одлука, и дека тоа значи дека треба да има стропроцентен фокус, иако и судиите се живи битија и знаат да згрешат.
Војдан Стојановски, долгогодишниот кошаркарски репрезентативец ја нагласува важноста психофизичката активност во кошарката, но и дека неретко менталното здравје е и поважно од физичкото, и дека во нашата држава треба повеќе да се обрне внимание на истото.
Продолжуваме понатаму!