Од 13-ти до 22-ри мај Омниверс беше дел од проектот Empowering Rights, Enabling Change во Анталија, Турција во кој 36 учесници од Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Македонија, Полска, Србија и Турција имаа можност да се запознаат, разменат искуство и да ги спознаат своите и туѓите човекови права, како и како да станат поактивни граѓани како дел од системот.
Преку неформална едукација, интерактивни вежби и работилници тие направија мост и поврзаност, но и ги зајакнаа своето критичко мислење, и изградија нови вештини со фокус кон методологии на младинската работа.
Една од учесничките беше и кошаркарската судијка Ема која за обуката рече:
Оваа обука за мене беше едно незаборавно искуство. Ми овозможи да запознаам прекрасни луѓе од различни земји, да размениме искуства и да научиме едни од други.
Најголемата промена што ја почувствував е тоа што стекнав поголема самодоверба. Отсекогаш сум имала трема кога треба да зборувам пред публика, а уште повеќе кога треба да зборувам на англиски јазик. За време на обуката бев многу поактивна отколку што очекував – учествував во дискусии, поставував прашања, ги споделував своите мислења и работев во тим со луѓе од различни култури.
Темата “Empowering Rights, Enabling Change” ми отвори нови перспективи за човековите права, еднаквоста, инклузијата и важноста секој од нас да биде дел од позитивните промени во општеството.